Дома Трансфер зона Премиерлигашка битка за Џеко: Три англиски клуба го сакаат Босанецот

Премиерлигашка битка за Џеко: Три англиски клуба го сакаат Босанецот

Голгетерот на Рома, Един Џеко широко ја отвори вратата за евентуално враќање во Премиер лигата.

Босанецот остави голема трага во историјата на Манчестер Сити со освоени две титули во Англија, а притоа постигна 72 гола во 189 натпревари за „граѓаните“, а вчера изјави дека посакува повторно да се врати на Островот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес пак англиските медиуми пренесуваат дека три клуба од Премиер лигата ќе водат битка за 32-годишниот Босанец во зимскиот преоден рок.

Како што објавува „Мирор“, Саутемптон, Кристал Палас и Ватфорд сериозно се заинтересирани за неговиот потпис.

Џеко има договор со Рома до јуни 2020 година, па сигурно нема да им биде лесно на ја убедат „волчицата“ да го пушти најдобриот голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…