Дома Топ вести Преку Инстаграм побара клубот да го пушти во Арсенал

Преку Инстаграм побара клубот да го пушти во Арсенал

Брајтон веќе одби две понуди од Арсенал за Моисе Каиседо па сега фудбалерот одлучи преку Инстаграм да направи притисок на својот клуб.

Арсенал сака да се засили со 21 годишниот фудбалер, но проблемот е во тоа што Брајтон не сака да го пушти за сума пониска од 70 милиони фунти.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Арсенал сака да го доведе прво на позајмица и да види како играчот ќе се снајде, па потоа на лето да го откупи.

„Јас сум горд што можам на Брајтон да му обезбедам рекорден трансфер што ќе овозможи вложување во иднината на клубот.

Навивачите ме имаат во нивното срце и тие секогаш ќе бидат кај мене во срцето, но се надевам дека ќе ме разберат зошто сакам да ја искористам оваа голема прилика (трансферот во Арсенал“, гласи пораката на Каиседо.

По оваа порака фудбалерот добил порака од Брајтон да не доаѓа на тренинзите до завршувањето на зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шведскиот репрезентивец кој беше во кома пуштен од болница, но се уште не може да оди и зборува

Шведскиот фудбалер Кристофер Олсон денеска ја напушти болницата во Копенхаген, откако мина…