Фудбалскиот свет пред десетина дена го потресе веста за трагичното згаснување на животот на шпанскиот фудбалер Хозе Антонио Рејес.
Рејес беше на залезот на својата кариера и играше за шпанскиот тим Екстрамдура. Овој дурбалер пред несреќата беше на тренингот на својот клуб, а кога дозна дека не е во конкуренција з анатпреварот одлучи да се врати дома.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во автомобилот на Рејес беше неговиот роднина Џонатан Рејес, додека неговиот Мануел Калдерон успеа да преживее. Хуан помина со лесни повреди, а тоа на многумина им беше чудно затоа што Рејес во моментот на несреќата возеше со 237 километри на час.
Сега тој зборуваше во јавноста.
„Бевме добро расположени како и секогаш. Не се сликавме за на Инстаграм што вообичаено го правевме. Хозе брзаше дома бидејќи сакаше да ја изненади сопругата и ќерката. Дозна дека не игра против Кадиз и сакаше да се врати во Севиља“.
„Се слушнав со родителите кои одеа во шопинг, а мене и Џонатан трбеаше да не остават во Утрера, а потоа да продолжат дома. Видов дека возеше баш брзо и одеднаш настана хаос. Не бевме на улицата. Автомобилот беше во воздух како да летавме“, изјави Калдерон.
„Рејес се обиде застане и кочеше долго време, но не успеа. Автомобилот се заби во бетонски ѕид после што се запали“.
„Денот беше навистина прекрасен. Зборувавме за тоа каде ќе го гледаме финалето во Лигата на шампионите. Се сеќавам дека алармот не предупредуваше дека сме блиску до оградата“, откри Калдерон.