Дома Фудбал Останато Пред 16 години Адријано го изведе еден од најдобрите дриблинзи во фудбалот

Пред 16 години Адријано го изведе еден од најдобрите дриблинзи во фудбалот

Eден од оние кои сигурно можеа да направат поголема кариера е Бразилецот Адријано. Адријано имаше голем потенцијал, меѓутоа поради разни причини не го исполни во целост.

На Европа и се претстави во дресот на Парма, а потоа за 24 милиони евра премина во Интер. Во дресот на „нероаѕурите“ имаше неколку неверојатни сезони, но потоа доживеа пад од кој никогаш не се врат.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


После смртта на неговиот татко Адријано повеќе не беше истиот и се предаде на ноќниот живот и алкохолот. Се проба уште еднаш на голема сцена кога дојде во Рома, но едноставно не можеше да се врати на славните патеки.

УЕФА денес се потсети на неговиот неверојатен дриблинг од 2004 година од мечот Валенсија – Интер. Тогаш Адријано си поигра со Давид Наваро, но штета што не успеа да го совлада Сантијаго Канизарес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола ќе ангажира неколку ѕвезди во Манчестер сити, а најскапата вреди 190 милиони евра!?

Манчестер Сити оваа сезона игра многу скромно и веројатно е дека Пеп Гвардиола би можел да…