Дома Фудбал Останато Пред шест години беа во 4-та лига, а сега се европски хит!

Пред шест години беа во 4-та лига, а сега се европски хит!

Кога уште во средината на јули во второто предколо на Лига Европа ги исфрлија можниот Галатсарај, сите мислеа дека се случи „чудо“ и дека шведски Остерсунд ќе испадне веќе во следната рунда.

Меѓутоа, се случи токму спротивното, за многумина непознатиот Остерсунд стана хит во Европа!


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во нокаут фазата го елиминираа ПАОК, а после три кола во групната фаза Швеѓаните се на чело на групата на седум освоени бода, еден повеќе од Зорија, а далеку пред фаворитите Атлетик Билбао и Херта.

Нивни тренер е Англичанецот Грахам Потер, а пред само шест сезони Остерсунд играше во четвртата ведска лига, за во 2016 година прв пат во историјата да заигра во најсилната лига.

Завршија на 80-то место, но го освоија Куппжот па така се квалификуваа во Лига Европа.

Притоа, во тимот имаат играчи како Куртис Едвард, кој беше толку скромен па отакако му даде гол на Атлетико во ремито 2:2 изјави:

„Требаше да дадам два-три, навистина сум разочаран со својата игра!“

Тренерот Потер не го криеше воодушевувањето и нагласи:

„Горд сум, момците навистина покажаа храброст“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…