Давид Нерес пред неколку сезони го воодушеви фудбалскиот свет со настапите за Ајакс.
Нерес беше дел од одличната генерација на Ајакс која пред три години успеа да дојде до полуфиналето во Лигата на шампионите. Тогаш се очекуваше Бразилецот да го направи трансферот на кариерата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Нерес интерес покажаа повеќе клубови, но тој летото 2019 година одлучи да го продолжи договорот и да остане во Амстердам. Сега тој изненади со одлуката во овој преоден рок да си замине.
Уште поголемо изненадување е што Нерес кариерата ја продолжува во Украина. Од денес тој е нов играч на Шахтјор, а Ајакс од неговата продажба ќе заработи 12 милиони евра.
Made in Cotia, became the #SkillerOfAMS.
— AFC Ajax (@AFCAjax) January 14, 2022
Obrigado, David! 🇧🇷♥️