Дома Фудбал Англија Пред само три дена доби отказ во Чемпиошип, а од денес ќе води тим во Премиер лигата

Пред само три дена доби отказ во Чемпиошип, а од денес ќе води тим во Премиер лигата

carlos carvalhal

Неверојатен расплет за тренерот кој пред само три дена заработи отказ во тимот на Шефилд.

Имено, нов тренер на англискиот тимот на Свонси ќе биде Карлос Карвалхал кој пред само три дена беше отпуштен од тимот кој се натпреварува во Чемпиошип.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Како кандидати за превземање на клубот од Велс уште се споменуваа, Рајан Гигс, Франк Де Бур, Славен Билиќ, Тони Пјлуис и Гери Монк, но сепак на крајот изборот падна на помалку познатиот стручњак.

Интересно е што Карвалхал пред само три дена заработи отказ во Шефилд со кој пред неколку сезони играше плеј-оф за влез во Премиер лигата.

Статистички гледано, овој тренер најдобар учинок имаше во Хилсброу каде што на 131 натпревар запиша 56 победи, ремизираше 38 и беше поразе на 37 натпревари.

Главна задача во Свонси ќе му биде да избори опстанок што нема да биде лесна задача бидејќи во овој момент „лебедите“ се последни на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи го избра новиот менаџер

Енцо Мареска ќе биде нов тренер  на Челзи  и ќе го наследи Маурисио Покетино, пр…