Дома Фудбал Пред натпреварот со Црвена Звезда, Клоп бара услуга од Партизан

Пред натпреварот со Црвена Звезда, Клоп бара услуга од Партизан

Фудбалерите на Ливерпул ќе играат уште еден натпревар против Црвена Звезда во ЛШ за две недели.

После победата на Црвените од 4:0 на Енфилд, следи натпревар на Маракана, а пред овој натпревар Црвените одлучија да го контактираат најголемиот ривал на Звезда, Партизан, и да го замолат за една услуга.

Имено, има желба неговиот тим на 6. ноември, на ден пред натпреварот да одработи тренинг во Тренинг центарот на Партизан во Земун, па го замоли Партизан да му излезе во пресрет.

Како што пренесуваат медиумите од Србија, од Партизан немале ништо против да му овозможат на Ливерпул тренинг, па теренот е веќе резервиран во термин од 10.00 до 12.00 часот на 6. ноември.

Да потсетиме, правилата на УЕФА налагаат гостинската екипа во градот на домаќинот мора да дојде барем еден ден порано и има право да одработи еден тренинг на стадионот. Очигледно тоа за момците на Клоп е малку, па сакаат и утрото на 6. да тренираат во Земун.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го растури Вилјареал со 0-6: Четири гола уште до 17. минута!

Пари Сен Жермен го задржа максималниот ефект во Лигата на шампионите со убедливи 0-6 на го…