Mанчестер Јунајтед има уште една турбулентна сезона.
„Црвените ѓаволи“ доживеаа нов удар во текот на средината на оваа недела со поразот од Ливерпул од 4:0 во Премиер лигата. До крајот на сезоната Јунајтед го чека грчевите борба за излез во европските натпреварувања, а легендата на клубот од „Олд Трафорд“ даде интересен предлог.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Сколс му предложи на Јунајтед да игра опуштено до крајот на сезоната и да заврши на осмата позиција, односно да не игра во ниту европско натпреварување. Сколс смета дека тоа би било идеално за новиот тренер Ерик Тен Хаг да почне да го гради тимот базирајќи се само на домашното првенство.
Прашање е колку Тен Хаг може да направи. Се обидуваа Солскјер и Рагник, но на Јунајтед не му одеше. Вратен беше и Роналдо, но и тоа не донесе преголем ефект на лошата игра на „ѓаволите“.