Дома Фудбал Италија Преговорите се во тек: Познато што бара Манџукиќ, а што нуди Јувентус

Преговорите се во тек: Познато што бара Манџукиќ, а што нуди Јувентус

mandzukic

Вчера договорот со Јувентус го продолжи Алекс Сандро кој сега годишно ќе заработува околу пет милиони евра. Според „Тутоспорт“ сега на ред е Марио Манџукиќ.

Италијаните на насловната страна пренесуваат вест дека започнуваат преговорите со Јувентус и Манџукиќ. Хрватскиот напаѓач има договор со италијанскиот шампион до 2020 година. Хрватот сака да остане во Торино и Јувентус сака да го задржи, но ако му веруваме на „Тутоспорт“ двете страни не се блиску до договор.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Имено, Манџукиќ сака договор на три години и зголемување на платата од три милиони евра. Според актуелниот договор Манџукиќ заработува четири ипол милиони евра, а сега бара околу 22 милиони за три години.

Од друга страна пак Јувентус му нуди договор на две години, бидејќи Манџукиќ во 2020 година ќе има 34 години.

Оваа сезона Манџукиќ во 13 настапи постигна седум голови и запиша три асистенции.

https://www.youtube.com/watch?v=2Ytrfg3zU8c

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…