Дома Фудбал Италија Преговорите помеѓу Милан и Донарума во застој

Преговорите помеѓу Милан и Донарума во застој

Преговорите помеѓу Милан и Џанлуиџи Донарума околу продолжување на договорот се во застој, тврди новинарот на „Скај Италија“, Ди Марцио.

Донарума со игрите во Милан се етаблира во еден од најдобрите голмани на светот, а тоа очекувано донесе денеска голем број клубови да го посакуваат во своите редови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Договорот на Донарума со Милан истекува во 2021 година, па ова лето мора да биде решена иднината на младиот голман – или ќе потпише нов договор или ќе биде продаден.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Донарума донел одлука и сака да остане во Милан, а за тоа веќе го известил својот агент Мино Раиола.

Меѓутоа, преговорите за продолжување на соработката се во застој поради пандемијата со коронавирусот.

Раиола се уште нема можност да се сретне со раководството на Милан за преговорите да влезат во напредна фаза.

Доколку двете страни не најдат заеднички јазик за нов договор, Милан ќе биде приморан да го продаде 21-годишниот голман ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…