Дома Трансфер зона Преговорите започнати: Милан ќе го откупи Ребиќ

Преговорите започнати: Милан ќе го откупи Ребиќ

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан донел одлука да го откупи Анте Ребиќ на крајот на сезоната.

Хрватскиот репрезентативец пристигна минатото лето на двегодишна позајмица од Ајнтрахт Франкфурт, а Милан во замена го испрати Андре Силва во Германија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Двата трансфери се разделени, па Милан ќе има шанса да го откупи Ребиќ, без разлика на трансферот на Португалецот.

Ребиќ во последно време се претвори во клучен играч за „росонерите“, па клубот започнал преговори со Ајнтрахт, открива „Газета дело Спорт“.

За перменентниот трансфер на Хрватот, Милан ќе треба да плати околу 30 милиони евра, а медиумите тврдат дека „росонерите“ се спремни да ја платат таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…