Дома Трансфер зона Преговорите започнати: Бакајоко се враќа во Милан

Преговорите започнати: Бакајоко се враќа во Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Челзи и Милан започнале преговори за трансфер на Тиму Бакајоко.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бакајоко минатата сезона играше на „Сан Сиро“ како позајмен фудбалер од Челзи и беше еден од најдобрите во таборот на „росонерите“.

Меѓутоа Милан не ја искористи опцијата да го откупи за 35 милиони евра и Французинот се врати во Челзи. Сепак, за него немаше место во тимот на Лампард и повторно беше испратен на позајмица, овој пат во Монако.

Челзи ќе сака да го продаде на лето, а цената на Бакајоко значително падна, па Милан сака да ја искористи ситуацијата и да го врати на „Сан Сиро“.

Преговорите веќе започнале, а првата понуда на Милан изнесува 16 милиони евра, додека Челзи за неговата слобода бара помеѓу 20 и 25 милиони евра.

Французинот веќе се договори со „росонерите“ и прифати четиригодишен договор со плата од 4,5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…