Милан е во потрага по квалитетен напаѓач, а најголема желба на „росонерите“ на Мауро Икарди, пренесуваат италијанските медиуми.
Златан Ибрахимовиќ ја игра последната сезона во кариерата, па Милан веќе почна да бара негов наследник.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Малдини веќе стапил во контакт со неговиот пријател Леонардо и започнале преговори за трансфер на Икарди.
Икарди не добива голема минутажа во Париз поради големата конкуренција и е спремен да ја промени средината, а преферира да се врати во Серија А.
Со оглед на фактот дека Жиру е повреден, Милан ќе се обиде уште во јануари да го донесе Икарди на позајмица со право на откуп.