Челзи дефинитивно ќе биде еден од најактивните и во последниот ден од преодниот рок, како и во текот на целиот јануари.
Медиумите веќе најавија дека Челзи може да потроши 200 милиони фунти на Енцо Фернандез од Бенфика и Каиседо од Брајтон до крајот на денот. Меѓутоа се најавува и заминување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што стојат работите Жоржињо е пред трансфер во Арсенал. Информациите од Островот се дека преговорите се во завршна фаза, а фудбалерот веќе ги договорил личните услови.
Арсенал е подготвен да ги стартува медицинските прегледи. Жоржињо има уште шест месеци од договорот, па така и оштетата не би требало да биде голема.