Сергеј Милинковиќ-Савиќ оваа сезона повторно блеска и е еден од најзаслужните за добрите игри на Лацио, па повторно почна да се шпекулира за негов трансфер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Тутоспорт“ објави дека неколку тимови се борат за потписот на Србинот, а наводно главната битка ќе ја водат ПСЖ и Реал Мадрид.
Спортскиот директор на „светците“ Леонардо веќе стапил во контакт со агентот на Сергеј, Кежман и започнал преговори за трансфер на Србинот во Париз.
ПСЖ се обиде да го доведе Савиќ и пред две години, тогаш Лацио за него бараше 100 милиони евра, меѓутоа сега поради финансиската криза цената на фудбалерите падна.
ПСЖ веќе испратил првична понуда од 60 милиони евра и е спремен да вклучи бонуси, па преговорите се во напредната фаза.