Дома Топ вести Прво засилување за Суперлига: Интер блиску до договор со ѕвездата на Баерн

Прво засилување за Суперлига: Интер блиску до договор со ѕвездата на Баерн

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер на лето ќе прави реконструкција на одбраната.

На крајот на сезоната „нероааѕурите“ ќе се разделат со Ранокиа, Дамброзио и Коларов, па Конте е во потрага по еден искусен дефанзивец.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Директорот Марота работи на засилувања на одбраната, а прва мета е дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг.

Боатенг потврди дека на крајот на сезоната ќе се раздели со Баварците како слободен агент бидејќи двете страни нема да го продолжат договорот.

Интер сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со 32-годишниот Германец.

„Нероаѕурите“ му нудат на Боатенг двегодишен договор со опција за уште една сезона, а тој е спремен да се пресели во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Се појави опција за Погба: Французинот добива нова шанса во Премиер лигата?!

Екипата на Јувентус не се одлучи да го задржи Пол Погба кој по истекот на суспензијата во …