Дома Македонски спорт Мак ракомет Прво засилување во Битола: Еурофарм Пелистер доведе македонски репрезентативец!

Прво засилување во Битола: Еурофарм Пелистер доведе македонски репрезентативец!

Во моментите кога спортот кај нас како и во најголем дел во светот е запрен поради пандемијата со коронавирусот, Еурофарм Пелистер се засили со македонскиот репрезентативец Марио Танковски.

Танковски во Битола пристигнува како замена за Ловро Јотиќ кој објави дека си заминува од битолскиот тим и се сели во Бенфика. Танкоски кој е среден бек потпиша договор на три години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изминатиот период тој го носеше дресот на Металург каде што со своите одлични настапи се избори и за повик во националниот дрес и настапи на Европското првенство неодамна.

Иако има 21 година Танкоски дебитираше за Металург во 2017 година, на 18 години. За Еурфарм ова е прво засилување, а се очекува во наредниот период да пристигнат уште неколку играчи со кој клубот би го нападнал врвот во македонската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…