Тимот на Орлано приреди големо изненаување во НБА плеј-офот победувајќи го Милвоки со 122:110.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Милвоки беше најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната, но падна пред осмопласираниот на Истокот. Орландо беше во водство во текот на целиот натпревар, освен во почетните минути. Најголемата предност која ја имаа беше +18.
Најдобар во редовите на победничкиот тим беше Никола Вучевиќ со 35 поени и 13 скокови. Кај Милвоки Јанис Антетокумпо уфрли 31 поен и додаде 17 скокови.