Дома Фудбал Германија Први проблеми за Хејнкес во Баерн!

Први проблеми за Хејнкес во Баерн!

Јуп Хејнкес само што пристигна во Баерн Минхен, а веќе се соочува со проблеми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во натпреварот од квалификациите за Мундијалот во Русија против Албанија во кој Шпанија славеше победа со 3:0 повреда заработи фудбалерот на Баерн Минхен Тиаго Алкантара.

Токму поради тоа Алкантара ќе го пропушти последниот натпревар во овие квалификации кој Шпанија ќе го игра против Израел. Алкантара ќе мора да паузира некое време пред да му се стави на располагање на новиот тренер на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес.

Шпанецот оваа сезоната настапи на пет натпревари во Бундеслигата, на три беше стартер, а два пати влезе како резерва. Во Лигата на шампионите ги одигра двата натпревари и постигна еден погодок и тоа во победата над Андерлехт од 3:0.

Сеуште не е познато колку време Алкантара  ќе биде надвор од тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Светот беше згрозен од начинот на кој беше пречекана химната на Иран во Калифорнија (Видео)

Пред почетокот на натпреварот меѓу Иран и Нов Зеланд во првото коло на Светското првенство…