Кореографијата која ја направија „Делиите“ во натпреварот против Пари Сен Жермен брзо се рашири во фудбалскиот свет, но истата не му се допаднала на првиот човек на францускиот клуб, Насер Ал-Келаифи.
Српските медиуми, поточно „Телеграф“ пишува дека Келаифи во текот на натпреварот од ложата два пати го побарал првиот човек на УЕФА Александар Чеферин.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што пишува споменатиот медиум, Келаифи по истакнувањето на кореографијата телефонски го побарал Чеферин кој не бил запознаен со случувањата. Потоа Чеферин се слушнал со својот делегат кој бил на стадионот кој му објаснил за што станува збор.
Неколку моменти подоцна Келаифи одново го завртел истиот број, но одговорот на Чеферин не му се допаднал бидејќи тој му порачал дека не гледа во што е проблемот.
Иначе, „Делиите“ идејата за споменатата кореографија ја добиле од цртаниот филм Душко Долгоушко, кога тој и Сим Страхот кој е прикажан како шеик имаат судир во пустината.