За прв пат после 11 години овој викенд ќе се игра „Ел Класико“ во кое нема да учествуваат Роналдо и Меси, како изгледаа составите на Барса и Реал тогаш можете да погледнете – тука.
Првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас смета дека со неучеството во еден од најголемите дерби натпревари во светот, губат Меси и Роналдо, а не „Ел Класико“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Со неучеството во „Ел Класико“ губат Меси и Роналдо. Дербито нема загуба, мислам дека и понатаму ќе биде на највисоко ниво, овој натпревар е поголем од секој поединец. Натпреварот помеѓу Барса и Реал е највредниот производ на Ла Лига и вистина е дека сакаме уште такви натпревари, но треба да работиме и на „Ел Класико“ за да добиеме повеќе фанови ширум светот“, изјави Тебас.
Ова ќе биде и првото „Ел Класико“ во кое судиите ќе можат да ја користат ВАР технологијата.