Дома Фудбал Англија Првиот човек на Арсенал: Заминувањето на Венгер е еден од најтешките моменти за клубот

Првиот човек на Арсенал: Заминувањето на Венгер е еден од најтешките моменти за клубот

Французинот на Арсен Венгер одлучи после 22 години да го напушти местото менаџер на лондонски Арсенал.

Оваа одлука Венгер денес и ја соопшти на англиската јавноста, а сопственикот на клубот Стен Кронке набрзо се огласи и истакна дека ова е една од неговите најтешки одлуки во кариерата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ова дефинитивно е еден од најтешките моменти од кога сум јас во клубот. Арсен беше главната причина поради која дојдов во клубот. Неговата долготрајност и можноста да го одржи клубот на високо ниво долги години се недостижни“.

„Арсен е огромна класа и секогаш ќе му бидеме благодарни. Секој кој го сака Арсенал и фудбалот треба да го почитува. Тој го создаде идентитетот на клубот“, изјави првиот човек на клубот.

Венгер кариерата ќе се обиде да ја заврши со трофеј во Лигата на Европа каде што во полуфиналето ги очекува натпревар против Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …