Maуро Икарди се уште не го продолжил договорот со „Нероаѕурите“, а после oна што се случуваше во последно време никој не верува дека тоа ќе се случи..
Икарди ја изгуби капитенската лента и таа во иднина ќе ја носи Самир Хандановиќ. Покрај тоа беше изоставен од тимот за натпреварите на Интер против Рапид Виена во Лигата на Европа и Сампдорија во Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За пропуштениот натпревар против Сампдорија објаснувањето беше дека станува збор за ситна повреда. Интер ги доби овие два натпревари (Рапид 0:1 и Сампдорија 2:1). Меѓутоа проблемите во клубот и понатаму изгледа нема да бидат решени и се наведува на тоа дека Икарди ја минува последната сезона во Милано.
Неодамна новинарот Валер Де Маџо тврдеше дека сето ова се случува затоа што Икарди има постигнато договор со Јувентус.
„Мислам дека Интер знае дека Икарди веќе има договор со Јувентус, Интер е голем клуб а Марота е врвен директор. Отстранувањето на капитентската лента е голема одлука и инсистирам на тоа, дека, според мене, Икарди веќе има постигнато договор со Јувентус“ , изјави Де Маџо.
На оваа тема сега зборуваше спортскиот директор на Јувентус, Фабио Партичи кој потврди дека Јувентус водел преговори за Икарди, но во текот на летото. Исто така потврди дека во овој момент немаат контакт ниту со него, ниту со Ванда. Меѓутоа и најави дека за тие работи ќе размислуваат во текот на летото.
„Нешто морам да кажам – со Икарди овој период немаме контакт. Да, преговаравме но тоа беше во текот на летото пред да го купиме Роналдо и сега не сакаме да го вознемируваме Интер. Немаме контакт ниту со него, ниту со Ванда. Во иднина? Не можеме да знаеме што ќе се случи, за тоа ќе размислуваме кога ќе доје преодниот рок“, изјави Партичи и со последните зборови сепак остави сомнеж дека нешто може да се случи.