Дома Македонски спорт Мак фудбал Првенец за Реџиналдо и победа на Шкупи против Вардар, Нафиу го сруши Пелистер во финишот 🎥

Првенец за Реџиналдо и победа на Шкупи против Вардар, Нафиу го сруши Пелистер во финишот 🎥

Денес на програмата од првата македонска фудбалска лига се одиграа натпревари од 23. коло.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шкупи во скопското дерби ја оправда фаворитската улога и го победи Вардар со 2:0. До водство домаќинот кој ги користи терените на ФФМ стигна преку првенецот на Реџиналдо во минута. Конечните 2:0 ги постави Глигоров после нешто повеќе од еден час игра.

Се до последните минути изгледаше дека Шкупи ќе се доближи до Шкендија на врвот, но сепак тетовци со гол во 87 минута на Нафиу дојдоа до победа против Пелистер од 1:0.

Македонија Ѓорче Петров доживеа вистински дебакл и дома од Силекс претрпе пораз со убедливо 0:3. Борец со минимални 1:0 славеше против Беласица која останува закована на дното и речиси сигурен патник во втората лига. Струга Трим Лум и Ренова одиграа 0:0.

Фото: ФК Шкупи (ФБ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …