Најголемиот дел од репрезентативците на Македонија веќе се собраа пред ЕХФ неделата во која ќе играме со Египет.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со Египет ќе одиграме натпревари како подготовка за Европското првенство во јануари, а селекторот Кире Лазаров откри дека прва опција била Шпанија.




„Јас инсистирав да имаме посилен противник од европски и светски рамки. Шпанија беше првата опција, меѓутоа не успеавме да се договоривме. Проблем беше патот, сепак сметам дека и Египет воопшто не е лоша опција, тие се и тоа како квалитетен тим. На последните ОИ во Токио играа и полуфинале“, изјави Лазаров.
Натпреварите со Египет ги играме на 4. и 6. ноември.