Дома Топ вести Прва изјава на Куман на како тренер на Барселона

Прва изјава на Куман на како тренер на Барселона

Роналд Куман денес и официјално беше претставен како нов тренер на Барселона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Куман со Каталонците потпиша договор на две години и на клупата пристигна на местото на Кике Сетиен кој доби отказ после дебаклот од Баерн (8:2).

Поранешниот селектор на Холандија денес пристигна во Барселона, а после потврдата беше и претставен на „Камп Ноу“. Во првата изјава порача дека Барселона секогаш била негов дом и дека ова ќе биде голем предизвик за него.

„Барселона е мој дом и предизвик е да се тренира ваква екипа. Ова е одличен ден и сите знаат дека сонував да станам тренер на Барселона. Не беше лесно да се дојде овде каде што сум денес и знам што се очекува од мене. Потребно е да се направат промени и никој не сака да се случи нешто слично како натпреварот пред неколку дена во Лигата на шампионите“.

Меси е најдобар играч во светот и нормално дека сакам да го имам во екипата. Се надевам дека ќе остане уште долго тука. Кога о прашање се промените, не сакам сега да зборувам за тоа. Треба прво да ја анализирам ситуацијата“, изјави Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …