Oна што се претпоставуваше после веста дека Унаи Емери пристигнал на преговори во Лондон, денес доби и официјална потврда – тој е новиот менаџер на Арсенал!
Шпанскиот стручњак на должноста менаџер на Арсенал го наследува Арсен Венгер кој оваа функција ја извршуваше 22 години, а ова воедно ќе биде и негов седми клуб во кариерата (како тренер).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Емери не го криеше задоволството откако целата работа беше финализирана.
„Среќен сум што се придружувам на еден од најдобрите клубови. Арсенал е познат и сакан во голем дел од светот. Го сакам овој клуб поради стилот на игра и приврзаноста кон младите играчи, имаат фантастичен стадион и начинот на кој функционира клубот е одличен. Многу сум возбуден што започнувам ново поглавје во историјата на Арсенал“, изјави 46 годишниот Емери.
Претходно во својата кариера Емери беше тренер на Пари Сен Жермен, Севиља, Спартак Москва, Валенсија, Алмерија и Лорка Депортиво.
"Welcome to Arsenal. A new chapter in our book!" ?#WelcomeUnai pic.twitter.com/liOc1V4xK7
— Arsenal FC (@Arsenal) May 23, 2018