Дома Фудбал Репрезентации По Украинците се јавија и Италијанците: И тие сакаат во Катар на местото на Иран!

По Украинците се јавија и Италијанците: И тие сакаат во Катар на местото на Иран!

Во претходните денови репрезентацијата на Иран е во центарот на вниманието пред почетокот на Светското првенство поради потенцијалното нејзино исфрлање.

Вчера Украинците објавија дека според нив тие треба да го добијат местото ако оваа азиска репрезентација биде исфрлена, а денес се јавија и Италијанците.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италија преку својот амбасадор во Обединетите Нации, Маурицио Масари испрати писмо до претседателот на ФИФА Џани Инфантино во кое се наведува дека тие како актуелни шампиони на Европа имаат право да го побараат тоа место доколку Иран навистина биде исфрлен.

Но, колку и Украина и Италија да сакаат да бидат на местото на Иран јасно е дека тоа е тешко да се случи. Ако ФИФА се реши да исфрли Иран на местото на оваа репрезентација треба да дојде друга азиска репрезентација за да се запази распределбата по континенти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Милан го сака братот од ѕвездата на Интер

Милан покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат ита…