Дома Фудбал Останато Украина бара на местото од Иран да игра на Мундијалот

Украина бара на местото од Иран да игра на Мундијалот

Украинците бараат да се исфрли репрезентацијата на Иран од Светското првенство во Катар, а наместо азиската селекција тие да настапат на Светското првенство.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Првиот човек на Шахтар Доњецк, Сергеј Пелхин побара од ФИФА да го исклучи Иран поради револуцијата која избувна во оваа земја.

„Бараме од ФИФА да го исклучи Иран поради учество во нападите врз Украина. Тоа би била чесна одлука и би го посочила Иран како виновник за убивањето на многу Украинци. Фер би било и Украина да игра на Мундијалот место нив. Нашата репрезентација немаше еднакви шанси со останатите селекции во баражот поради војната. Покажавме дека играме со срце и заслужуваме место на Светското првенство“, рече Пелкин.

Сепак, дури и ФИФА да се одлучи да го исфрли Иран што не е многу веројатно местото треба да биде пополнето со азиска селекција за да се запази рамномерната континентална распределба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…