Дома Трансфер зона По трансферот на Кутињо се огласи и Клоп: Барселона беше негов сон

По трансферот на Кутињо се огласи и Клоп: Барселона беше негов сон

Oткако Барселона го потврди трансферот на Фелипе Кутињо во своите редови се огласи и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Би сакал на сите навивачи на Ливерпул да им истакнам дека ние како клуб и понатаму сме сигурни дека останувањето за Кутињо беше подобра одлука, но тој беше 100% сигурен каде сака да ја продолжи кариерата, тоа беше Барселона. Тој клуб беше негов сон“.

„Не е тајна дека Кутињо сакаше да премине во Барселона уште кога овој клуб прв пат покажа интерес. Фелипе беше упорен и се обидуваше сите да не убеди да го пуштиме на „Ноу Камп“.

„Тој е фудбалер кој даде огромен допринос за клубот во своите пет години кои ги помина тука и секако дека сме тажни што нема да ја продолжиме соработката и со тешко срце му посакуваме се најдобро во кариерата“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…