Дома Трансфер зона По неуспехот со Италија, Вентура се сели во Премиер лигата

По неуспехот со Италија, Вентура се сели во Премиер лигата

Италијанците едвај дочекаа да го видат отказот на Џампјеро Вентура, селекторот под чиј палци Азурите доживеаа голем неуспех во квалификациите за Мундијалот.

Репрезентаијата на Италија така прв пат по 60 години нема да игра на едно Светско првенство, Вентура доби отказ, но веќе постојат оние кои се заинтересирани за него. Така, според пишувањето на „Calcionews24“, Џампјеро Вентура наскоро би можел да ја превземе екипата на Вотфорд. Наводно семејството Поцо, кои го имаат Вотфорд, веќе испратиле понуда до Вентура, и покрај неговиот дебакл на клупата на Италија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вотфорд во моментов се наоѓа на осмото место во англиската Премиер лига и е едно од најголемите изненадувања на Островот оваа сезона. Екипата ја предводи Португалецот, Марко Сива, меѓутоа се шпекулира дека неговата желба е да го напушти Вотфорд.

Имено, Евертон и понатаму е во потрага по тренер, а најгоемата желба на Карамелите е токму Силва. Наводно, и тој сака да ја превземе екипата од „Гудисон“ и неколку пати разговарал со сопствениците на Вотфорд за заминување. Иако во таборот на Вотфорд не беа воодушевени од таквата идеја, Силва би можело го напушти клубот, бидејќи управата на Вотфорд во Вентура гледа адекватна замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…