Дома Фудбал Останато По Мурињо казна од УЕФА доби и Рома

По Мурињо казна од УЕФА доби и Рома

Европската куќа на фудбалот, (УЕФА) ја казни Рома поради неисполнување на барањата за капитални добивки.

Иако е казнета, Рома може да биде среќна што заработи само парична казна, не и казна со намалување на бројот дозволени лиценцирани играчи во Европа, или пак исклучување од европ-натпреварувањето.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Рома не успеа да стигне до 23 милиони евра капитална добивка до 30-ти јуни и имаше два милиони евра помалку, па затоа ќе плати казна од 4.3 милиони евра. Италијанските медиуми пишуваат дека казната нема да влијае на трансфер плановите на римскиот клуб.

Претходно, казна од УЕФА заработи и Жозе Мурињо, казната на Португалецот беше поради коментарите кон главниот судија во финалето од Лигата на Европа, Ентони Тејлор. Португалскиот стратег заработи суспензија од четири натпревари во европските натпреварувања и ќе ги пропушти четири од шесте средби на Рома во групната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…