Дома Топ вести По „Мирор“ и познат шпански новинар тврди: Нејмар сака во Реал!

По „Мирор“ и познат шпански новинар тврди: Нејмар сака во Реал!

neymar

Бразилскиот напаѓач Нејмар очигледно повеќе не сака да игра во ПСЖ и планира за многу брзо време да го напушти клубот.

Нејмар за невројатни 222 милиони евра минатото лето од Барселона се пресели во ПСЖ и требаше да ја добие слободата која ја немаше покрај Меси, а иако многу добро се снајде на почетокот во Франција, му здодеа, па сега сака да се врати назад во Шпанија.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најпрво се скара со Едисон Кавани, па наводно е незадоволен и од тренерот Унаи Емери. Барем така тврди телевизиската куќа од Барселона „Beteve“. Нивната спортска програма „La Porteria“ тврди дека Нејмар се покајал поради одлуката да ја напушти Барселона.

Сега новинар на реномираниот шпански весник „AS“, Игнасио Мигуелез, објави дека младата ѕвезда е одлучна да го промени тимот на крајот на тековната сезона.

„Нејмар сака да си оди во Реал и сака тоа да го направи следното лето. Тој тоа им го вели на сите пријатели, му го кажал и на својот татко. Апсолутно сака во Реал, бидејќи не сака да остане во Париз. Ова би можела да биде неговата прва и последна сезона во ПСЖ“, тврди Мигуелез.

Нејмар со трансферот во ПСЖ стана најскапиот фудбалер во светот, а прашањето е како Реал Мадрид ќе успее да го откупи од францускиот тим и дали пости реална можност тоа да се направи на крајот на сезоната.

Денешната вест на „Мирор“ можете да ја прочитате ТУКА!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус почна преговори со Жоржињо

Јувентус покажува силен интерес за фудбалерот на Арсенал и италијански репрезентативец Жор…