Манчестер Јунајтед е спремен во своите редови да доведе уште двајца фудбалери на Лестер.
Откако што изминатото лето ги срушија сите рекорди за доведување на Хари Мегвајер, наскоро дресот на тимот од „Олд Трафорд“ би можеле да го облечат уште двајца играчи на Лестер. Солскјер сака во својот тим да го доведе левиот бек Бен Чилвел и играчот за врска Џејмс Медисон, па управата на клубот ќе се обиде да го ангажира во следниот период.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Понудата за двајцата ќе изнесува 130 милиони фунти. На „Олд Трафорд“ сметаат дека тоа ќе биде доволно да ги ангажираат двата фудбалери, а ќе видиме дали на крајот ќе успеаат во таа намера. Јунајтед во јануари би требало да добие и напаѓачко засилување. Станува збор за Манџукиќ, кој наводно веќе се договорил со „Црвените ѓаволи“.