Дома Фудбал Англија По жестоките критики кон Мегваер, се огласи неговата мајка!

По жестоките критики кон Мегваер, се огласи неговата мајка!

Хари Мегваер често е „мета“ на критики од јавноста поради лошите настапи за Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија, а сега во јавноста се огласи неговата мајка.

Преговараше Мегваер со Вест Хем, но на крајот остана во Јувентус, иако кај Тен Хаг е во втор план. Не блескаше Мегваер и во натпреварите против Украина и Шкотска за Англија, против Шкотска си постигна и автогол.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мајката на Мегваер со објава на социјалните мрежи порача дека нејзиниот син не заслужува такви критики.

„Како мајка, секогаш ме боли кога гледам и читам што се пишува за мојот син. Дел од нив се тотално неприфатливи и се граничат со говор на омраза. Хари секогаш го дава својот максимум за клубот и за репрезентацијата и не го заслужува ова.

Замислете како ми е мене кога одам на стадион и ги слушам тие недолични скандирања. Разбирам дека во светот на фудбалот има многу подеми и падови, но големината на навивачите се гледа кога им даваат поддршка на своите миленици.

Навистина е болно да се гледа низ што минува Хари и знам дека нему му паѓа најтешко од сите. Тој има огромно срце, полно со добрина и никогаш не посакувал зло никому. Се надевам дека ќе остане ментално силен и ќе им докаже на сите дека е талентиран и квалитетен фудбалер“, напиша неговата мајка“, стои во објавата.

Инаку, Мегваер со својот трансфер од Лестер во Манчестер Јунајтед, се уште е најскапиот дефанзивец на сите времиња, но неговите настапи се далеку под очекувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …