Дома Македонски спорт Мак фудбал По девет сезони Захов ја напушти Шкендија

По девет сезони Захов ја напушти Шкендија

Костадин Захов повеќе не е голман на фудбалскиот клуб Шкендија. Како што соопштуваат тетовските „црвено-црни“, неговото место во голманската тројка го пополнува Астрит Амзаи.

ФК Шкендија и официјално објавува прекин на соработката со Захов по речиси девет сезони. Со извонреден придонес и многубројни достигнувања, Шкендија му се заблагодарува на чуварот на мрежата за посветеноста и професионалноста.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Захов дојде во клубот во јануари 2015 година и за нешто помалку од една деценија стана еден од клучните точки на тимот во најуспешната ера во клупската историја на Шкендија.

Освоени три шампионски титули, два куп пехари, одлични настапи во Европа и многу радости во 237 официјални настапи, на кои запиша 115 натпревари без примен гол.

Шкендија му посакува на Захов многу здравје и успех во неговите идни предизвици. Амзаи се враќа во тимот по позајмицата во Гостивар и Тетекс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…