Дома Македонски спорт Мак баскет По двата стартни порази Академија ФМП се засили со Американец

По двата стартни порази Академија ФМП се засили со Американец

По стартните два порази од националното првенство од екипите на КК Феникс 2010 и КК Пелистер од Битола, екипата на КК Навико Академија ФМП реши да го засили својот ростер и да донесе дополнително засилување за преостанатиот дел од сезоната во домашното првенство и во БИБЛ лигата.

25 – годишниот американски кошаркар е новото засилување за нашиот тим, кој настапува на позициите 1 и 2. Ајви за кого ова е прво интернационално искуство доаѓа од колеџот Сан Хозе Стејт каде во просек постигнуваше по 8,8 поени, 2.7 скока и 2.5 асистенции по натпревар. 


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бре Ајви се приклучува на тимот во наредните денови и ќе биде ставен на располагање на тренерот Петровиќ за натпреварот со Кожув кој го играме наредниот викенд на гости во Гевгелија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонски репрезентативец МВП во Европкупот!

Ти Џеј Шортс втора година по ред покажува одлични игри на кошаркарските терени, сезонава д…