Дома Фудбал По големата победа, Артета го „одглуми“ Клоп и ги налути навивачите на Ливерпул

По големата победа, Артета го „одглуми“ Клоп и ги налути навивачите на Ливерпул

Во дербито од 23. коло на англискиот фудбалски шампионат, Арсенал на домашен терен го победи Ливерпул со 3:1.

Второпласираниот Арсенал сега има 49 бода, два помалку од лидерот Ливерпул. Сепак, третопласираниот Манчестер Сити има 46 бодови и два меча помалку, од кои првиот ќе го игра денеска против Брентфорд.

По натпреварот тренерот на Арсенал, Микел Артета направи потег кој веднаш ги запали социјалните мрежи и особено ги налути навивачите на Ливерпул.

Шпанецот во стилот на својот колега од спротивната страна дојде до центарот и ги поздрави навивачите со познатиот начин на славење на Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Камарда без простор во Милан: Следната шанса може да ја бара во Серија Б

Милан наводно планира нова јануарска позајмица за 18-годишниот напаѓач, кој по враќањето о…