Дома Останати Кошарка Почина славниот кошаркар и капитен на германската репрезентација, Адемола Окулаџа

Почина славниот кошаркар и капитен на германската репрезентација, Адемола Окулаџа

Стpашна вест доаѓа од Германија! На 47-годишна возраст почина поранешната кошаркарска ѕвезда Адемола Окулаџа!

Поранешниот кошаркар со нигериско потекло, кој имаше завидна европска кариера, почина попладнево, а причината за cмpтта не е позната.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Оваа вест ја објави германскиот портал „BIG“, а станува збор за играч кој се стекнал со статус на легенда во германската кошарка.

Окулаџа ги постигна своите први забележителни резултати на колеџ во Северна Каролина, но не успеа да биде драфтуван во НБА.

Првиот ангажман во Европа го имаше во Алба од Берлин, каде тренер му беше Светислав Пешиќ и каде го освои ФИБА Купот Радивоје Корач.

Тој ги носеше и дресовите на Жирона, Барселона, Уникаха, Бенетон, Валенсија, Келн, Химки, Аликанте и Бросе Бамберг.

Тој беше капитен на германската репрезентација и еден од клучните играчи на тимот заедно со Дирк Новицки и Патрик Фемерлинг. Беше дел од репрезентацијата на Светските првенства во 2002 и 2006 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ужас: Одбојкарски тренер двапати cилувал 15-годишно девојче, па се cамоубил

Џејсон Мејсер, 22-годишниот одбојкарски тренер кој е обвинет за силување на една одбојкарк…