Дома Фудбал Останато Почина поранешениот играч на Кристал Палас кој фудбалот го напушти за да глуми во филмови за возрасни

Почина поранешениот играч на Кристал Палас кој фудбалот го напушти за да глуми во филмови за возрасни

Поранешниот фудбалер на Кристал Палас, Оливер Спидинг почина на 34 години, пренесуваат англиските медиуми.

Спидинг беше член на младинските категории за во еден момент во 2022 година да одлучи да го остави фудбалот и да влезе во светот на по*но индустријата. Стана актер во филмовите за возрасни, а беше во врска и со Софи Андерсон една од најпознатите актерки во оваа индустрија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешните соиграчи преку социјалните мрежи му оддадоа почит опишувајќи го како „војник на теренот“ и „лудак со големо срце“. Во едно од своите интервјуа тој изрази каење што го напуштил фудбалот.

„Глупав сум. Ако останев во Палас ќе заработев многу повеќе, тоа сега го разбирам. Знаев да се борам, бев добар борец. Фудбалер и борец. Беше наивно што мислев дека ќе ми биде подеднакво добро ако бидам ѕвезда во по*но индустријата. Знаеа дека менував многу девојки и ми кажаа дека ќе бидам добро платен за тоа“, зборуваше Спидинг своевремено по напуштањето на фудбалот.

Во текот на неговото прво снимање доживеал вистински пекол и на крајот по шест часа снимање заработил 170 евра.

„Беше страшно. Снимателот беше голем ќелав Ирец кој изгледаше застрашувачки, а јас бев гол и препотен. Се лизгав на подот од сопствената пот. Катастрофа“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…