Дома Фудбал Потрес во Торино: Целата управа на Јувентус си даде оставка!

Потрес во Торино: Целата управа на Јувентус си даде оставка!

Вистински бум вечерва се случи во Италија – цело раководство на Јувентус си поднесе оставка!

На итен состанок со акционерите на клубот бордот директори вклучувајќи ги и претседателот Андреа Ањели и потпретседателот Павел Недвед си поднеле оставки.

Повеќе информации засега не се објавени и наскоро се очекуваат. Во последниот период на Јувентус почна да му оди подобро и пред зимската пауза влезе во серија од шест победи во низа во Серија А без примен гол и затоа оваа вест е изненадувачка.

Наводно се повлекуваат од функциите поради тековната истрага за финансиска малверзација. Се очекуваат повеќе информации и во однос на тоа кој ќе ги превземе нивните места.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хасукиќ ја реши Шкендија Арачиново, ВАР го потврди вториот удар на Силекс

Силекс славеше со 2:0 во Кратово со два погодока на Есмир Хасукиќ. Вториот гол беше призна…