Дома Македонски спорт Мак фудбал Потрес во Тетекс: Клубот остана без претседател и стручен штаб!

Потрес во Тетекс: Клубот остана без претседател и стручен штаб!

Голем потрес на три кола пред крајот на првенството доживеа македонскиот второлигаш Тетекс.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тетекс кој се натпреварува во втората лига на Западот остана без претседателот на управниот одбор Војо Тофиловски, а потоа и Славчо Георгиевски и Дејан Цветковски од стручниот штаб.

Веста од Тетекс ја потврдија преку социјалните мрежи:

„ФК Тетекс ја информира јавноста дека Војо Тофиловски поднесе оставка од местото претседател на Управниот одбор, како и тренерскиот тандем Славчо Георгиевски и Дејан Цветковски.

Во најбрз рок ќе биде оддржан состанок на УО на клубот.

За следните чекори, благовремено ќе бидете известени!

– Дополнително ве известуваме дека денеска му беше извршена хирушка интервенција на Тупан, се помина во најдобар ред, му посакуваме брзо опоравување!!!

Со почит“, објавија од Тетекс.

Фото: ФК Тетекс

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…