Астон Вила вчера со резервниот тим играше против Ливерпул во првото коло од ФА Купот и младите момци се прикажаа во одлично издание и покрај поразот од 4:1. Се до 60. минута беше 1:1.
Еден од најдобрите кај Вила на теренот беше 17 годишниот Луис Бери кој го постигна единствениот гол за клубот од Бирмингем. Ова момче повторно се појави на големата сцена откако пред скоро две потпиша за Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бери во Барселона дојде како млад и талентиран играч од ВБА и беше дел од младинските селекции. Играше за младите селекции на Каталонците, а потоа го снема.
Навивачите на Барселона сигурно беа изненадени кога вчера се појави во дресот на Астон Вила каде што се преселил минатата година. Тој игра за Б тимот на англискиот клуб, но вчера покажа дека има потенцијал.
The moment 17-year-old Louie Barry scored an incredible goal against the Premier League champions 👏
— Goal (@goal) January 9, 2021
Look what it meant to him ❤️#FACup pic.twitter.com/6JPUHMLe7g