Дома Фудбал Англија Потер:Чувствувам како да сум во Челзи 9 месеци, а не 9 дена

Потер:Чувствувам како да сум во Челзи 9 месеци, а не 9 дена

Новиот менаџер на Челзи, Грем Потер ја даде првата пресконференција пред утрешниот меч со Салцбург во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челзи стартуваше со шокантен пораз во ЛШ од Динамо Загреб, што го чинеше отказ Томас Тухел.

„Фудбалскиот клуб, историјата, тардицијата, играњето во ЛШ, тоа се различни предизвици од тие кои ги имав до сега. Во Брајтон поминав фантастични три години и многу сум му благодарен на Челзи за довербата. Многу добро ме примија во клубот, се чуствувам како да сум тука 9 месеци, а не 9 дена“, изјави Потер.

„Можам да ветам дека ќе го дадам најдоброто од себе си и ќе преземам одговорност. Сакам да видам балансиран тим, особено во одбраната, уште на утрешниот меч. Сакам мојот тим да трча и да се бори до последната минута“, додаде тренерот на „сините“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо се јави по критиките и очајниот настап против Конго (Видео)

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, по ремито со Демократска Република Конго, изјав…