Дома Фудбал Потенцијален нов проблем за Барса: Меси игра повреден?

Потенцијален нов проблем за Барса: Меси игра повреден?

Фудбалерите на Барселона вчера со 2:3 славеа против Бетис во рамките од 23. коло во шпанската Ла Лига.

Барселона на два пати губеше од Бетис, но на крајот успеа да дојде до трите бода. Уште една магична вечер одигра Лионел Меси кој вчера запиша дури три асистенции.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Меси покажа дека е лидер на Барселона и во турбулентнот период во кој Барселона испадна од шпанскиот куп после поразот од Атлетик Билбао. Барселона има и проблем со повредите бидејќи Сетиен до крајот на сезоната не ќе може да смета на Луис Суарез и Осман Дембеле.

После вчерашниот настап „Кадена СЕР“ објави дека Меси веќе некое време игра повреден. Наводно, Меси има проблем со мускулот на левата нога и користи разни начини за да биде спремен за натпреварите.

Ако овие информации се точни Меси покажа дека и кога е повреден може да стисне заби и да биде најдобар на теренот за да и помогне на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …