Стигна потврдата, потпишан е договор на три години!
Вакво нешто се очекуваше веќе подолго време, а сега добивме и потврда од самиот играч, Милан и Гатузо добиваат нов дефанзивец.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
30 годишниот досегашен член на екипата на Сампдорија, Иван Стриниќ е ново засилување за „росонерите“.
„Сезоната сега е завршена и можам да кажам дека повеќе не сум фудбалер на Сампдорија и дека потпиша договор на три години со Милан“, изјави Иван Стриниќ.
Стриниќ е лев бек го носи дресот на репрезентацијата на Хрватска и многу веројатно ќе се најде на Мундијалот во Русија. Покрај Сампдорија до сега во својата кариера го носеше дресот на Ле Мане, Драговољац, Хајдук Сплит, Днипро и Наполи.
Иван Стриниќ во Милан ќе му се придружи на Никола Калиниќ, секако доколку напаѓачот не го напушти италијанскиот клуб.