Некогаш беше еден од најдобрите фудбалери на светот, а денес е незадоволен во Париз.
ПСЖ е лидер во француското првенство, заврш како првопласиран и во својата група во Лигата на шампионите, но далеку од тоа дека нема проблеми во нивните редови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Анхел Ди Марија е еден од фудбалерите кои се незадоволни во Париз, негова причина за незадоволство е малата минутажа која ја добива иако беше доведен како големо засилување.
Аргентинецот падна во втор план поради засилувањата кои пристигнаа оваа сезона.
„Не сум баш задоволен оваа сезона. Би сакал да играм повеќе. Сепак се обидувам секоја минута која ќе ја добија максимално да ја искористам и да докажам дека заслужувам да бидам во тимот“, изјави Ди Марија.