Дома Трансфер зона Потврди агентот на фудбалерот: Реал Мадрид одбил 180 милиони евра!

Потврди агентот на фудбалерот: Реал Мадрид одбил 180 милиони евра!

Флорентино Перез одлучил Шпанецот да остане на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал Мадрид минатото лето остана без првата ѕвезда на тимот Кристиано Роналдо, но одбиле да го продадат и фудбалерот кој многумина го сметаа за негов наследник. Марко Асенсио имаше одлична сезона, се проби во првиот тим на „Лос Бланкоси“ и интересот за него беше навистина голем.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Неговиот агент сега откри дека Реал Мадрид минатото лето имал понуда од 180 милиони евра за услугите на Асенсио, но пресудила желбата на фудбалерот да остане во таборот на „кралевите“.

„Имавме многу понуди во текот на минатата година, но Марко секогаш ја нагласуваше својата среќа што го носи дресот на Реал Мадрид. Реал имаше понуда во висина од 180 милиони евра да го продаде, но истата ја одби. Покрај тоа и желбата на Асенсио беше да продолжи тука“, изјави Хорасио Гагиоло, агент на Шпанецот за „ЕСПН“.

Сепак, офанзивецот оваа сезона не ја оправда довербата на Перез и компанија, на 27 натпревари во Ла Лига Асенсио постигна само еден гол и забележа шест асистенции, што е премалку кога ќе се спореди со она што од него се очекуваше.

Меѓутоа, Зидан неколку пати претходно изјавуваше дека има доверба во својот играч, а го фалеше со зборовите дека таква лева нога видел само уште од Лео Меси.

Ќе видиме каков ќе биде развојот на Шпанецот на „Бернабеу“, ќе потсетиме има само 23 години, неговиот договор има важност до 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…