Младинецот на Реал Мадрид, Фран Гарсија ќе се врати на „Сантиаго Бернабеу“ на лето, откако „кралевите“ си го откупија од Рајо Валекано.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Фран Гарсија има откупна клаузула од 10 милиони евра и тој е поранешен член на „кралевите“, па за да се врати во матичниот клуб Реал ќе плати само половина од сумата.
Реал научи од грешките во минатото кои ги направи со Хакими и Тео Хернандес, па сака да го врати Гарсија на „Сантиаго Бернабеу“.
23-годишниот дефанзивец игра одлична сезона, па интерес за него покажуваат многу клубови ширум Европа.
Не е познато дали Реал на лето ќе го задржи или ќе го испрати уште една сезона на позајмица.